
Во септември 2025 година 132 999 туристи оствариле 262 686 ноќевања.
Во септември 2025 година, од вкупниот број туристи, 24.6 % се домашни, а 75.4 % се странски туристи, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на ноќевањата во септември 2025 година изнесува 262 686, од кои 31.8 % се од домашните туристи, а 68.2 % од странските туристи.
Во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.8 %, односно кај домашните туристи има намалување за 1.4 %, а кај странските има зголемување за 9.6 %.
Во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0.9 % така што кај домашните туристи има намалување за 3.8 %, а кај странските има зголемување за 7.0 %.
Земји од кои дошле најмногу странски туристи во септември 2025 година:
- 32 950 од Турција
- 8 830 од Србија
- 6 615 од Германија
- 3 577 од Полска











