Турците основаа 3.800 компании во Црна Гора, инвестиции над 67 милиони евра

99

За 11 месеци од 2022 година Црна Гора и Турција оствариле трговска размена во износ од 182 милиони долари, објави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган рече дека во првите 11 месеци од годинава, во споредба со истиот период лани, е остварен пораст од 49 отсто.

„И со сегашната ситуација го срушивме рекордот достигнувајќи трговска размена од 182 милиони долари“, најави Ердоган.

Според него, вкупните турски инвестиции во Црна Гора надминале 67 милиони долари.

Ердоган рече дека во Црна Гора работат 3,8 илјади турски компании и дека реализираат значајни проекти, особено во областа на инфраструктурата, градежништвото, туризмот и во услужниот сектор.

„Убеден сум дека нашиот економски сектор ќе продолжи со успешни иницијативи и во Црна Гора и на Балканот“, рече Ердоган.