Турците создадоа вештачки јаглен

25

Научниците од Природно – математичкиот универзитет од Анкара успеаја да дојдат до формулата според која можно е производство на вештачки јаглен, пренесува агенцијата Анадолија.

За да настане јагленот по природен пат потребни се милиони години, но во лаборатаријата на Универзитетот во Анкара тоа се случува само за два часа.

Со ново откриената постапка се користени разни биомаси, лушпи од лешник, целулоза од маслинка, различен дрвен отпад, па дури и остатоци од храна. По одредена постапка наведените материјали се претвораат во јаглен во прав.

Во врска со овој пронајдок кој може драстично да ја намели цената на јагленот за новинска агенција Анадолија прозборе водачот на проектот, доктор Али Синаг.

„Биојагленот кој успеаме да го создадеме во лабараториски услови развива од 1000 до 1500 калории повеќе од лигнитот кој го користат најголемиот дел од компаниите“, истакнува професорот Али.