Туристи можат да пишуваат на остатоците од Берлинскиот ѕид за 500 евра

153

berlinski zid delovi

По 25 години од падот на Берлинскиот ѕид во Германија, сите заинтересирани луѓе кои сакаат да пишуваат пароли за мир, слобода и љубов, ќе имаат прилика да го направат тоа по цена од 500 евра.

Во индустрискиот кварт Телтоу, оддалечен 15 километри од центарот на Берлин, се уште се наоѓаат голем број делови од оригиналниот Берлински ѕид, широки од 1,2, а високи 3,6 метри.

Сопствениците на овие “остатоци“ ги повикуваат туристите на ѕидот да го напишат она што го сакаат и потоа тоа “парче“ да го земат со себе.

Но, овој сувенир воопшто нема да биде лесен и едноставен, бидејќи ќе чини 500 евра, не сметајќи ги трошоците за превоз на деловите од ѕидот, што достигнуваат и до три тони, пренесува ХРТ.