Туристите незадоволни од шопинг понудата во Хрватска

74

zg

Модните номади или таканаречени глоуб шоперси, кои патуваат по светот првенствено за да купуваат, годишно во европските продавници трошат дури 48 милијарди евра.

Шопингот како главен мотив за патување го признаваат 48% Руси и дури 82% кинески туристи. Во Хрватска туристичката потрошувачка е значително далеку од посакуваната. На Јадранот паричникот го отвораат 82% од туристите кои доаѓаат на летување, а во Загреб купуваат 23% туристи, пишува Пословни дневник.

Според истражувањата на Институтот за туризам, јадранските туристи можноста за шопинг во Хрватска ја рангираат на претпоследно 26-то место меѓу 27 разгледувани елементи од туристичката понуда. Гостите во загрепските хотели даваат нешто подобра оценка, па шопинг понудата на Загреб е на 18-та позиција од разгледувани 28 елементи.