
Туристите од Кина, Турција и Саудиска Арабија беа најбројни во Русија во првиот квартал од оваа година, објави Здружението на туроператори на Русија (АТОР).
Оваа организација, повикувајќи се на податоците на Граничната служба на Федералната служба за безбедност на Руската Федерација, истакна дека арапските земји се лидери во растот на бројот на патувања оваа година, а Саудиска Арабија за прв пат влезе меѓу првите три, објави Тасс.
Според овие податоци, 228.900 странци ја посетиле Русија за туризам во периодот од јануари до март, што е за 4,6 проценти повеќе отколку во истиот период во 2024 година, но сепак двојно помалку отколку пред пандемијата.











