Туристите во Кина ќе можат да плаќаат преку Alipay

27

Ant Financial, којшто е дел од Alibaba, креираше нова верзија на мобилната апликација за плаќање Alipay, овозможувајќи им за прв пат на туристите и оние кои патуваат поради бизнис да користат мобилно плаќање во Кина.

Услугата може да реши еден од најголемите проблеми на посетителите во земјата, каде речиси сите се потпираат на плаќање преку мобилен.
Корисниците на Alipay ќе можат да преземат или купат припејд картички со помош на апликацијата, користејќи меѓународна дебитна или кредитна картичка.
Припејд картичките “истекуваат“ по период од 90 дена и сите преостанати пари автоматски се рефундираат, пишува CNN.
Alibaba и Tencent доминираат во безготовинското плаќање во Кина со нивните Alipay и WeChat Pay платформи. Дури и Apple ја прифаќа платформата на Alipay во локалните продавници во Кина.
Речиси 31 милион странци патувале во Кина лани и потрошиле 73 милијарди долари додека престојувале во земјата.
Фото: Facebook