Научниците на Антактикот предупредуваат дека зголемениот број на туристи на овој континент претставува сериозна закана за неговата околина, пренесува порталот Croenergo.eu.
Бројот на туристи во 90-тите години беше помалку од 5.000, а сега ја надмина бројката од над 40.000 на годишно ниво. Поголемиот дел од посетителите заминуваат на фрагментираните делови на Антактикот кои не се замрзнати, а кои се помалку од 1% од неговата површина.
На тие подрачја се градат се повеќе бази за научниците, како и патишта, складишта за гориво и писти за слетување и полетување. Но, токму тие места се живеалиште за голем број диви животни и растенија кои претставуваат вистинска реткост во биодиверзитетот на Земјата, покажува студијата на австралиската државна програма за заштита на околината (НЕРП) и австралискиот оддел за Антарктикот.
“Голем број луѓе сметаат дека Антарктикот е добро заштитен од закани бидејќи е изолиран простор и никој не живее таму“, смета Џастин Шоу од НЕРП во студијата објавена во магазинот PloS Biology.
“Ние покажуваме дека биодиверзитетот на Антактикот е загрозен. Поголема површина е прекриена со мраз и помалку од 1% не е воопшто замрзнат“, додава тој.
Само 1,5% од тоа незамрзнато подрачје е сместено во посебно заштитетени подрачја на Антарктикот согласно Повелбата, при што биодиверзитетот е сконцентриран на незамрзнатите подрачја.
Пет целосно незагадени еколошки региони воопшто не се заштитени, а сите 55 заштитени подрачја на замрзнатиот континент се во близина на места каде има поголема циркулација на луѓе.
Антарктикот е меѓу последните неистражени подрачја на Земјата со што станува попривлечна дестинација за туристите. Поголемиот дел од нив доаѓаат преку морето, а некои плаќаат и над 20.000 долари за луксузна кабина во најфреквентниот период од ноември до март.