Туризмот во Европа ги руши сите рекорди: Кои земји привлекоа најмногу посетители?

Во последните две години значително е зголемен бројот на туристички ноќевања во земјите од Европската унија. Најголем раст е забележан во Луксембург, Малта и Латвија, додека Франција и Белгија забележаа благ пад.

Според податоците на Евростат, во текот на 2024 година, вкупно 2,99 милијарди ноќевања се регистрирани во туристичко сместувачки капацитети низ ЕУ, што претставува зголемување за 53,4 милиони ноќевања или 2% во споредба со претходната година.

Растот главно е резултат на зголемувањето на бројот на ноќевањата на странските туристи, додека ноќевањата на домашните се благо намалени.

Хотелите остануваат најпопуларно сместување, со 1,9 милијарди ноќевања, што претставува 63% од вкупниот број. Апартманите за одмор и приватното краткорочно сместување забележале 711 милиони ноќевања (24%), додека камповите забележале 396 милиони ноќевања, што е 13% од вкупниот број.

Споредувајќи ги 2023 и 2024 година, повеќето земји од ЕУ бележат пораст на туристичките ноќевања. Најголем пораст е забележан во Луксембург (22%), Малта (13%) и Литванија (7%). Од друга страна, Франција и Белгија забележаа благ пад, додека податоците за Шведска, Финска и Италија останаа стабилни.