Турк Телеком даде понуди за бугарските Глобул и Германос

25

turktelekomНајголемата турска телеком компанија, Турк Телеком, даде понуди за купување на бугарските Космо мобајл (Глобул) и Германос Телеком Бугарија.

“Нашата компанија достави понуди за купување на сите акции на Космо Бугарија мобајл ЕАД и Германос Телеком Бугарија АД, како дел од стратегијата за проширување во околниот регион на Турција”, соопшти Турк Телеком преку берзата во Истанбул.

Од компанијата одбија да дадат повеќе детали.

Грчките сопственици на Глобул од ОТЕ претходно најавија дека планираат да го продадат телекомот и со парите да го финансираат својот долг во износ од 1,8 милијарди евра.

Интерес за купување на Глобул покажа и Дојче Телеком, како и другиот турски оператор Турксел. Засега не е познато дали и тие ќе се вклучат во лицитацијата за Глобул.