Турк Телеком сака да ги купи бугарските Глобул и Германос

27

Турската компанија за телекомуникации Турк Телеком објави дека дала неофицијална понуда да ги купи бугарските мобилни компании Космо Бугарија Мобајл (Глобул) и Германос Телеком Бугарија, јавува Ројтерс.

Турк Телеком во соопштението до Истанбулската берза вели дека понудата е дел од плановите на турската компанија за експанзија во регионот.

Сопственик и на двете бугарски компании е грчката компанија ОТЕ.

Турк Телеком до 2005 година беше во државна сопственост. Турк Телеком е мнозински сопственик на фирмата за обезбедување широкопојасен интернет TTNET, има 90% од акциите на турскиот мобилен оператор Avea, еден од трите најголеми оператори во Турција. Сопственик е и на компанијата за телекомуникациски услуги Argela Software and Information Technologie, на провајдерот на ИТ решенија Innova и на компанијата за онлајн игри Sobee. Индиректно, има малцински удел во Албтелеком, албанксиот телеком оператор. На берзата во Истанбул котира од мај 2008 година.

Компанијата Турк Телеком нуди интегрирани телекомуникациски услуги.