Turkish Airlines ги откажа меѓународните летови до 20 мај

56

Турскиот национален авиопревозник, Turkish Airlines го продолжи откажувањето на сите меѓународни летови до 20 мај.

“Поради глобалната пандемија на коронавирус, сите наши меѓународни летови се запрени до 20 мај, во согласност со одлуките донесени од официјалните власти и преземените мерки за зачувување на вашето здравје“, соопштија од компанијата.

Тие потсетија дека летовите во земјата се стопирани до 20 април годинава.

Фото: Pixabay