Turkish Airlines ги рефундира билетите купени од Србија и БиХ

26

turkish airlines

Турскиот национален авиопревозник Turkish Airlines, поради поплавите што ги зафатија Србија и Босна и Херцеговина, им овозможи на патниците да ги вратат билетите што ги купиле.

“Патниците кои имаат резервација на летовите од и за Белград и Сараево во период од 15-ти до 20-ти мај оваа година, под услов нивните билети да се купени пред 15-ти овој месец, можат да ги вратат според правилникот за вонредно откажување на летовите“, стои во соопштението на компанијата.

На патниците ќе им биде вратен полниот износ за билетите, доколку сакаат да го откажат патувањето, а ќе им биде овозможена замена за други летови.

Крајниот рок за откажување односно замена на билетите е денеска.