Turkish Airlines ќе бара компензација од Boeing поради дефект

30

Се очекува турскиот национален авиопревозник Turkish Airlines (THY) да побара компензација од Boeing откако мораше принудно да слета во понеделникот поради дефект, пишува Zaman.

На летот од Шангај за Истанбул, притисокот во кабината неочекувано паднал. Патниците почнале да паничат, а маските со кислород паднале од преградите над седиштата. Авионот принудно слетал во Анкара, од каде патниците биле префрлени во Истанбул.

Коментирајќи го настанот, THY велат дека настанот е резултат на дефект на вентил од системот за одржување на притисокот во кабината. Констатирано е дека Boeing 777-300 ER е набавен во февруари и турскиот авиопревозник ќе бара компензација од Boeing затоа што авионот уште е под гаранција.

Дефектот е поправен на аеродромот веднаш по слетувањето, а авионот е вратен на распоредот и уште истиот ден летал на релација Истанбул – Дубаи.