Turkish Airlines ќе основа нова карго фирма

29

Турската авиокомпанија Turkish Airlines ќе основа нова карго компанија.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Turkish Airlines беше истакнато дека Управниот одбор донело одлука за основање на компанија за воздушен карго со 100 процентно учество на самата компанија.

Во соопштението беше наведено дека новата компанија за воздушен транспорт на карго пратките ќе биде основана со цел да се зголеми фокусот на работењето со карго, да се зајакне позицијата на највисоко ниво меѓу најважните играчи во секторот.

Фото: Pixabay