Turkish Airlines купува 40 Boeing авиони

13

turkish-airlines-facebook

Фото: Facebook

Турскиот национален авиопревозник, Turkish Airlines, планира да купи 40 авиони од Boeing (787 – 9), стои во официјалното соопштение.

“Нашиот договор за купување 787 Dreamliners авиони претставува значаен чекор во подобрување на искуството за летање на нашите патници, бидејќи овие авиони се најнови и едни од најмодерните во светот“, вели Илкер Ајчи, претседател на Turkish Airlines.

Според него, за време на разговорите за финализирање на нарачката, обемот на зделката треба да има вредност од една милијарда долари.

“Соработката меѓу Boeing и Турција трае повеќе од 70 години и имаме одлично долгорочно партнерство. Работејќи заедно со Турција, соработката ја подигнуваме на повисоко ниво и на тој начин ќе го забрзаме растот на турската авиоиндустрија, додека ја постигнуваме долгорочната цел на Boeing да го прошири своето присуство на пазарот“, изјави Реј Конер, заменик претседател на Boeing.