Turkish Airlines наградна игра – средба со Меси и Дрогба

57

mesi i drogba turkish airlines

Турскиот национален авиопревозник Turkish Airlines организира наградна игра со цел да го избере најсреќниот спортски фан на патување во седум земји, пишува агенцијата Анадолија.

Станува збор за натпревар на социјалните мрежи, преку кои ќе се избере најсреќниот фан кој во период од 28-ми март до 20-ти април во седум различни земји ќе може да следи спортски натпревари и лично да ги запознае фудбалските ѕвезди Лионел Меси и Дидиер Дрогба.

Turkish Airlines ги повика сите љубители на спортот да поставуваат видеа, фотографии и реченици користејќи #Epic fan.

Најсреќниот добитник ќе може да следи кошаркарски, фудбалски, тенис и голф натпревари во Јапонија, Холандија, Германија. Шпанија, Франција, Велика Британија и Обединетите Арапски Емирати.

Turkish Airlines е една од најголемите авиокомпании во светот со над 250 меѓународни дестинации во повеќе од 100 земји во светот.