Turkish Airlines: Не сме заинтересирани за Croatia Airlines

49

Turkish_Airlines_Lionel_Messi_Kobe_BryantХрватскиот национален авиопревозник продава 49% од компанијата, по медиумите се вртеа неколку големи имиња како потенцијални купувачи, но на првиот повик не се јави ниту една компанија. Едно од имињата што се споменуваше беше и турскиот авиопревозник Turkish Airlines, но, како што пишува Вечерњи лист, оваа компанија нема интерес да ја купи Croatia Airlines.

“Не сме заинтересирани за Croatia Airlines. Turkish Airlines на три континенти покрива подрачје од преку милијарда жители, дури 70 меѓународни дестинации во преку 55 земји. На секој пазар на кој сме присутни сами настапуваме локално и во секоја земја имаме различен маркетиншки пристап, па локален превозник како Croatia Airlines во тој контекст не ни е интересен”, изјави во Истанбул пред хрватските новинари првиот човек на турската авиокомпанија, Темел Котил.

Според Котил, клучот на успехот е во патниците кои сакаат добра поврзаност, поволни цени и одлична услуга.

Минатата година Turkish Airlines за брендирање, рекламирање и спонзорства глобално потроши 150 милиони долари.