Turkish Airlines петта година по ред најдобар авиопревозник во Европа

16

turkish airlines

Турскиот авиопревозник Turkish Airlines петта година по ред е најдобар превозник во Европа, според Skytrax, глобален систем што го мери задоволството на потрошувачите од авионските услуги ширум светот, пишува Хуријет.

Резултатите се добиени врз основа на мислењето на 13 милиони испитаници ширум светот, за период од мај 2014 до јануари оваа година. Клиентите ги оценуваат клучните услуги како што се: чекирање, пристигнување, трансфер, безбедност и имиграција.

Turkish Airlines е победник и во категоријата најдобра авиокомпанија за бизнис класа и најдобра храна во бизнис класа.

Оваа турска авиокомпанија располага со 279 патнички и товарни авиони, коишто сообраќаат на 274 дестинации во светот, вклучувајќи 226 меѓународни и 48 домашни линии.