Turkish Airlines продава заборавени парчиња багаж вредни над 140.000 долари

22

Фото: Pixabay

Турскиот национален авиопревозник, Turkish Airlines стави на продажба 54.853 загубени парчиња од багаж на патниците, чија вредност се проценува на 142.255 долари, пишува Хуријет.

Загубените парчиња се продаваат преку електронски тендер. Понудите се доставени на 11-ти февруари во седиштето на авиокомпанијата.

Меѓу предметите што најчесто се забораваат на аеродромите се: чанти, очила, паричници и електронски уреди, како што мобилни телефони.

Turkish Airlines има платформа што им помага на патниците полесно да го пронајдат багажот што го заборавиле на аеродромот. Доколку багажот не е пронајден или оштетен, авиокомпанијата ги надоместува трошоците, но ако патниците не го пријават багажот, заборавените предмети се чуваат во посебно депо една година, а потоа одат на продажба.