Turkish Airlines вработува 500 странски пилоти и 2.000 лица како кабински персонал

27

turkish-airlines

Авиокомпанијата Turkish Airlines – THY, една од најбрзорастечките компании во светот, ќе регрутира околу 2.000 лица како кабински персонал и 500 пилоти од странство во текот на оваа година, пишува порталот Yeni Safak.

Според генералниот директор на Turkish Airlines, Темел Котил, нема ниту еден невработен пилот во Турција, па поради тоа се решаваат да вработуваат пилоти од странство.

“На еден ко – пилот му се потребни најмалку шест години за да стане пилот. Ние може да ги исполниме нашите потреби за ко – пилоти од нашето пилотско училиште во Турција, но нема невработени пилоти во земјата. Од таа причина, нам ни се потребни пилоти од странство“, изјави Котил.

Turkish Airlines покрива над 260 дестинации ширум светот, во 107 земји, со што четири години по ред беше избиран за најдобра авиокомпанија во Европа.