Turkish Airlines за селфито на Меси и Брајант награден за најдобра вирална реклама

27

selfi

Турскиот национален авиопревозник Turkish Airlines, ја доби наградата за највирално видео со познати личности на Advertising Age 2014 Viral Video Awards, за видеото Kobe vs. Messi: The Selfie Shootout.

Турскиот авиопревозник, која неодамна беше прогласен за најдобар авиопревозник во Европа веќе трета година по ред, ја доби оваа награда на петтата церемонија што се одржа на 1 април во Њујорк, пишува Хуријет.

Рекламата ја креираа The Crispin Porter + Bogusky на почетокот на декември минатата година како дел од кампањата на Turkish Airlines Прошири го својот свет, а во неа се појавуваат амбасадорите на брендот, фудбалерот Лео Меси и кошаркарот Коби Брајант.

До крајот на декември рекламата беше прегледана преку 137 милиони пати.