
Турската национална авиокомпанија Туркиш ерлајнс објави дека ќе нарача вкупно 355 авиони од европскиот производител Ербас во следната деценија.
Како што јави француската новинска агенција АФП, планот е дел од напорите да стане најголемата авиокомпанија во светот. Компанијата не откри подетална временска рамка за купувањето, пишува Seebiz.
Како што пренесува AFP, купувањето ќе биде дел од стратешкиот план за периодот од 2023 до 2033 година, во кој компанијата има намера да постигне значителен раст.











