Туркиш ерлајнс купува 117 ербаси

60

turkis erlajnsТурскиот национален авиопревозник Туркиш ерлајнс потпиша договор за купување 117 авиони од европскиот произведувач Ербас, кои ќе бидат испорачани до 2020 година.

Порачката се однесува на авионите од типот А320 за средни линии.

Турскиот министер за финансии Мехмет Шимшек при потпишувањето на договорот изјави дека соработката помеѓу Туркиш ерлајнс и Ербас, покрај развојот на турското цивилно воздухопловство, ќе придонесе и за развој на технологијата во авиоиндустријата.

“Туркиш ерлајнс пред 10 години беше компанија која работеше само во границите на земјата. Денес Туркиш ерлајнс е успешна приказна”, изјави Шимшек и додаде дека во следните 10 години може да се очекува раст на компанијата. Тој нагласи дека успехот на Туркиш ерлајнс позитивно ќе делува и на останатите авиокомпании.

Туркиш ерлајнс има флота од 215 авиони, од кои 107 се купени од Ербас, а остатокот од американскиот произведувач Боинг.