Туркиш ерлајнс превезе 83,4 милиони патници во 2023 година

Туркиш ерлајнс достигна највисоко ниво на патници со превезување 83,4 милиони патници во 2023 година.
Туркиш ерлајнс ги објави најновите податоци за бројот на патници во текот на изминатата година.

Во 2023 година вкупниот број на патници се зголемил за 10,1 отсто во однос на истиот период во 2022 година и достигнал 6,1 милион, јави Анадолија.

Зафатеноста на авионите на Туркиш ерлајнс на меѓународни летови изнесувала 80 отсто, а на домашните летови 78 отсто.

Бројот на патници на меѓународните линии во декември 2022 година бил 2,2 милиони, а во истиот период во 2023 година е зголемен за 19 отсто на 2,6 милиони.

Обемот на превезениот товар и пошта во декември 2022 година изнесува 137,9 илјади тони, а минатиот месец е зголемен за 15,8 отсто на 159,7 илјади тони.

Во соопштението се наведува дека бројот на превезени патници во периодот јануари – декември минатата година е зголемен за 16,1 отсто во однос на 2022 година, на 83,4 милиони, што е најголем број патници на оваа авиокомпанија на сите времиња.

Бројот на патници на меѓународните линии во периодот јануари – декември 2022 година изнесува 23,4 милиони, а во истиот период од 2023 година е зголемен за 27,1 отсто на 29,8 милиони.

Вкупниот број на патници е зголемен за 1,9 отсто во однос на истиот период од 2022 година и достигна 82,6 отсто.

Обемот на превезениот товар и пошта во 2022 година изнесувал 1,68 милиони тони, а во 2023 година е намален за 1,2 отсто на 1,66 милиони.

Во соопштението за медиумите се наведува дека бројот на авиони во флотата на Туркиш ерлајнс е зголемен на 440.