Туркменистан доби аеродром во форма на птица вреден 2,3 милијарди долари

34

turkmenistan

Во главниот град на Туркменистан, Ашгабат, е отворен нов интернационален аеродром, пишува BBC.

На врвот на аеродромот е поставена фигура на птица што лета, што е симбол на националниот авиопревозник.

Вредноста на аеродромот е околу 2,3 милијарди долари и има капацитет да опслужи повеќе од 1.600 патници за еден час.

Но, многу е мал бројот на туристи кои ја посетуваат оваа изолирана земја сметена во централна Азија, позната по автократското владеење. Само 105.000 туристи го посетиле Туркменистан во 2015 година, најмногу поради административните пречки за добивање виза.