Турска авиокомпанија го превезе милијардитиот патник

68

Турската национална авиокомпанија Туркиш ерлајнс вчера го превезе милијардитиот патник.
Туркиш ерлајнс го награди патникот Мустафа Балчи, кој полета од Истанбул до југоисточната турска провинција Адијаман, со еден милион бонус милји.

– Никогаш нема да го заборавам ова искуство – рекол Балчи, пренесува Анадолија.

Бонус милјите може да се користат за летови, хотели, изнајмување автомобили и други делови од патувањето преку Туркиш ерлајнс.

– Нашата компанија, која достигна милијарда патници за 90 години од нејзиното основање, има за цел да превезе две милијарди патници до 2031 година – изјави претседателот на управниот и извршен одбор на авиокомпанијата, Ахмет Болат.

Туркиш ерлајнс моментално има 413 авиони и лета до 342 дестинации, од кои 289 се меѓународни, а 53 се во Турција.

Фото: Pixabay