Турска фирма ќе произведува автомобили во Русија

31

ford_otosan

Турскиот производител на автомобили Ford Otosan изјави дека потпишал договор со компанијата Avtotor Holding од Калининград за производство на камиони и кабини за товарни возила во Русија.

Возилата произведени во Avtotor ќе се продаваат на рускиот пазар, а производството треба да започне кон крајот на декември, стои во соопштението на Ford Otosan издадено на берзата во Истанбул, пишува Заман.

Форд Otosan е партнерство меѓу Ford Motor Co и турскиот Koç Holding.