Турска компанија ќе гради погон за текстил во Гевгелија

45

turska fabrika

Турската компанија Јагјемезлер ќе гради текстилен производен погон во технолошко индустриската развојна зона во близина на Гевгелија – Прдејци.

Јагјемезлер ќе отвори фабрика за производство на конфекциски елементи каде ќе се вработат 250 лица.

“Во погонот во Гевгелија ќе се произведуваат ластици за разни конфекциски производи наменети за странскиот пазар. Веќе одбравме локација во технолошката зона и по добивањето согласност ќе почнеме со изработка на проектот за изградба на фабриката“, рече сопственикот на компанијата, Гунгор Кајс.

Градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов, вели дека инвестиционата активност јасно ја потврдува поволната бизнис клима што ја нуди општина Гевгелија, почнувајќи од климатско – сообраќајните погодности до создадените урбанистички предуслови и понудените поволности за вложување.

Со конфекцискиот погон во Штип, турската компанија веќе 13 години е присутна во Македонија.