Турска маркетинг агенција воведува аудио реклами во трговските центри

29

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Турска маркетинг агенција се подготвува да воведе аудио реклами во трговските центри, со цел да го зголеми бројот на реклами на кој се изложени луѓето во секојдневниот живот.

Проектот е дизајниран од страна на Џахид Џејлан, истакнат претставник од адвертајзинг секторот во Турција заедно со швајцарската маркетинг платформа за мобилна телефонија Adwin AG.

“Целта е да се поврзат националните радио реклами со потрошувачите во трговските центри, користејќи ги постоечките системи за објави во трговските центри”, вели Џејлан, кој е основач и извршен директор на турската Mars Media, пишува Хуријет.