Турската здравствена компанија INVAMED-RD Global стана официјален снабдувач на американската вселенска агенција НАСА, објави компанијата. INVAMED-RD Global, компанија која е на пат да стане глобален лидер во науката и здравствените технологии со својата глобална визија за лидерство, како и иновативни високотехнолошки пристапи, ќе испорача здравствени производи на НАСА “, се вели во соопштението, пренесе Анадолија.
Расит Динч, претседателот на компанијата, рече дека тие го извезуваат знаењето и искуството од технологијата и турскиот инженеринг во светот со своите истражувања за производи и нови третмани што ќе ја оформат иднината.











