Турската централна банка го игнорира Ердоган

23

Turkey's Central Bank headquarters is seen in AnkaraЦентралната банка на Турција одлучи да ги задржи трите досегашни основни каматни стапки, и покрај барањата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган да ги намали, пишува весникот Хуријет.

„Инфлациските очекувања и движењето на цените се следат мошне внимателно и силната монетарната политика ќе се одржува сѐ додека постои значително подигнување на нивото на инфлацијата“, наведува Комитетот за монетарна политика при Централната банка на Турција.

Премиерот Реџеп Таип Ердоган е гласен противник на високите каматни стапки и од централната банка побара нивно намалување.

Во обид да се спречи инфлацијата и да се поддржи националната валута, чија вредност на почетокот на годината забележа остар пад, турската централна банка на крајот на јануари значајно ги зголеми трите основни каматни стапки.

Референтната каматна стапка е зголемена од 7,75% на 12%, стапката на депозити од 3,5 на 8%, а стапката на РЕПО депозити е зголемена од 4,5% на 10%.

Целта на овие мерки, како што нанедуваат турските монетарни власти, е да зајакне вредноста на лирата.