Турската банка Халкбанк во петокот соопшти дека дала понуда за купување на 76,76% од акциите на српската Чачанска банка, но не објави за која сума, јавува Ројтерс.
Во соопштението на Истанбулската берза, Халкбанк не даде дополнителни детали околу потенцијалната аквизиција.
Според последните податоци, вредноста на Чачанска банка, која се листа на Белградска берза, е 33,8 милиони евра.
Во сопственичката структура на Чачанска банка удели имаат државата Србија (28,49%), Европската банка за обнова и развој (29,9%), Меѓународната финансиска огранизација IFC, огранок на Светска банка (20%) и други малцински акционери.