Турскатa компанија НеСа Енерџи заинтересирана за градење ветерници во Богданци

90

Veternici ext0301Турски инвеститори од компанијата НеСа Енерџи и градоначалникот на Богданци, Ристо Ичков, денес потпишаа писмо за намери што ќе ја конкретизира соработката за градење ветерни турбини во општината.

Компанијата НеСа Енерџи се грижи за развој, финансирање, реализација и менаџирање на проекти од областа на обновливите извори енергија во Турција, а има претставништво во Скопје.

Турската компанијата е подготвена да изгради 44 ветерници вредни вкупно 130 милиони евра, доколку се исполнат условите за потпишување конечен договор со прифатлива локација и квалитет на ветерот.

Потребните анализи на терен веќе се во тек, а општина во најскоро време ќе ја започне процедурата за изготвување на урбанистичко-планската документација