Турската лира на историски миниумум во однос на доларот и еврото

180

Турската лира денеска достигна рекордно ниско ниво од 12,25 во однос на американскиот долар, само еден ден по барањето на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган за пониските каматни стапки.

Турската валута загуби повеќе од седум отсто во однос на доларот. Турската лира исто така е на историскиот минимум од 14,03 во споредба со еврото.

Од почетокот на годината лирата загуби речиси 40 отсто од својата вредност во однос на доларот.

Ердоган вчера изјави дека пониските каматни стапки ќе помогнат да се поттикне економскиот раст и да се создадат работни места, истакнувајќи оти повисоките каматни стапки предизвикуваат повисока инфлација. Тој често ги користи исламските забрани за лихварство како оправдување за неговата теорија.

Под притисок на Ердоган, Централната банка на Турција во септември ги намали клучните каматни стапки од 19 на 15 отсто, што доведе до слободен пад на лирата.

Повеќето економисти, сепак, тврдат дека Турција се соочува со голема криза, вклучително и висока инфлација.