Турската лира падна на најниска вредност во однос на доларот

15

Турската лира го достигна своето најниско ниво во однос на американскиот долар и вчера се тргуваше за 29,70 лири за долар.

Економистот Алатин Акташ изјави за дневниот весник „Џумхуриет“ (Cumhurriyet) дека се очекува годинава курсот на доларот да порасне на околу 40 лири за долар.

Инфлацијата во Турција во ноември достигна 61,98 отсто, објави Фена. Турскиот институт за статистика се очекува денеска да ги објави официјалните податоци за инфлацијата за 2023 година.

Турската централна банка во декември ја зголеми референтната каматна стапка за 250 базни поени на 42,5 отсто со цел да се спречи девалвација на лирата и да ја скроти постојано високата инфлација.