Турската лира падна на ново историски најниско ниво во однос на американскиот долар

25

Турската лира падна на ново историски најниско ниво во однос на доларот бидејќи американската валута денеска во 11:10 часот на берзата Forex се тргуваше за 30,6 лири.

Годишната стапка на инфлација во Турција се забрза на 64,86 отсто во јануари од 64,77 отсто во декември, објави турскиот институт за статистика – Туркстат на почетокот на неделата.

Инфлацијата во Турција е највисока во последните 14 месеци, пренесува Танјуг.

Гувернерката на Централната банка на Турција (TCMB), Хафизе Гаје Еркан, неочекувано поднесе оставка на почетокот на февруари поради лични причини, а за нејзин наследник беше назначен Фатих Карахан, кој рече дека ќе продолжи со цврста монетарна политика, објавија медиумите.

ТЦМБ на крајот на јануари ја зголеми референтната каматна стапка од 42,5 на 45 отсто.