Турската лира по земјотресот падна на рекордно ниско ниво

77

Вредноста на турската лира падна вчера на рекордно ниска вредност, а падот се почувствува и на турската берза.

Како што наведува Ројтерс, лирата падна за 18,85 отсто од вредноста во однос на американскиот долар.

„Трагичните настани кои следеа откако јужниот дел на Турција го погоди силниот земјотрес се извор на дополнителна неизвесност пред клучните избори кои веројатно ќе бидат одржани во мај“, кажа вишиот финансиски аналитичар на агенцијата Ин тач капитал маркетс Пјотр Матис.

Истанбулската берза Борса во раните утрински часови најави привремен прекин на трансакциите со акции на неколку компании во зоната на земјотресот, но со текот на денот додаваше уште имиња на листата.