Турската лира падна во однос на доларот на рекордно ниско ниво, во пресрет на новото очекувано намалување на референтната каматна стапка на централната банка на денешната седница.
Лирата ослабе за цели 2,9 отсто на 15,25 лири за долар, а во 07:01 часот по средноевропско време се тргуваше за 15,2 лири за долар, пренесува Ројтерс. Американската валута досега оваа година се зголеми повеќе од двојно во однос на лирата, што го поткопува порастот на големата пазарна економија на Турција.
И покрај зголемувањето на инфлацијата над 21 отсто, се очекува централната банка денеска да ги намали клучните каматни стапки.
„Се спроведува експериментот за кој е одговорен претседателот РеџепТаип Ердоган. Каматите ќе се намалат колку што е можно повеќе“, вели економистот Ѓулдем Атабај од Истанбул Аналитика.
Централната банка ја намали референтната каматна стапка за 400 базични поени на 15 отсто од септември, во согласност со економската програма на претседателот Ердоган, која дава приоритет на извозот и растот на кредитите, иако голем број економисти и опозициски пратеници ја критикуваа политиката како „непромислена “, пренесува Б92.











