Турската лира зајакнува, Светска банка ја намалува прогнозата за економски раст

89

Турската лира го продолжи својот нагорен тренд, за разлика од минатомесечниот неконтролиран пад, но Светска банка ја намали прогнозата за економски раст на земјата, објави Ројтерс. Турската валута се одржуваше во опсег од 13,70 до 13,94 лири за долар во текот на изминатата недела.

Во текот на 2021 година лирата загуби 44 отсто од вредноста во однос на доларот, а минатата недела ослабе за пет отсто.

Оваа голема пазарна економија во развој се проценува дека пораснала за силни 9,5 отсто во 2021 година, и покрај нестабилноста на пазарот во последните месеци, се вели во најновиот извештај на Светска банка за глобалните економски изгледи.

Сепак, Светска банка предвидува дека растот на бруто домашниот производ на Турција нагло ќе забави до два проценти оваа година и три проценти следната година. Во извештајот од јуни, меѓународната финансиска институција проектираше раст на Турција од пет отсто во 2021 година и 4,5 отсто во 2022 и 2023 година.