Турската млекарница Суташ ќе го удвои своето производство

47

download Со презентација на реклама, која наскоро ќе почне да се објавува во македонските медиуми, турската млекарница Суташ ќе почне со официјално претставување на своите производи.
“Оваа кампања ќе го раздвижи млечниот пазар во Македонија, и тоа почнувајќи од производителите, преку откупувачите, преработувачите и дистрибутерите, па се до потрошувачите. Наша цел е да се наметнеме на македонскиот пазар со квалитетни производи бавно, но сигурно. Не се плашиме од конкуренцијата и убедени сме дека вкусот на нашите производи ќе им се допадне на македонските купувачи”, изјави Муарем Јилмаз, претседател на Управниот одбор на Суташ.
Јилмаз додаде дека првата етапа од инвестицијата во Македонија е успешно завршена минатата година, а таа се состоела од набавка на најсовремена опрема за производство. Втората фаза, додаде Јилмаз, е зголемување на производството од 70 на 140 милиони литри млеко.
“Меѓу клучните цели на компанијата е и отворањето на нови работни места што логично ќе следува по планот за удвојување на производството”, рече Јилмаз.
Суташ ги презеде капацитетите на Сведмилк. Во Турција оваа компанија постои веќе 40 години и освен производство на млеко, произведува и широка палета на млечни производи како ајран, јогурт, сирење…
Годишниот обрт на Суташ достигнува околу 750 милиони евра.