Турската влада ја укина забраната за извоз на домати

128

Турција ја укина забраната за извоз на домати, воведена минатата недела поради големото поскапување на оваа храна по катастрофалниот земјотрес кој покрај огромниот број човечки жртви, предизвика и материјална штета од неколку десетици милијарди од долари.
Ограничувањето за извоз на домати, кое го воведе турското Министерство за земјоделство и шумарство, требаше да важи до 14 април, пишува бугарскиот портал Новините.

Веста за прекинатиот извоз предизвика реакција и во Бугарија, која е трет по големина увозник на турски домати.

Во 2021 година Бугарија го зголемила увозот на домати од Турција за 42 отсто, на 40,96 милиони долари.

Потоа е намален увозот на турски домати бидејќи е засилена контролата на увозот преку граничниот премин Капетан Андреево.

Индустриите за преработка на домати беа загрижени дека прекинот на увозот на домати од Турција може да влијае на цената на финалните производи од зеленчукот.