Турски Arçelik го тужи LG

145

Турскиот производител на апарати за домаќинство, Arçelik поднесе тужба против јужнокорејскиот производител на уреди, LG Electronics поради наводно кршење на права од патент.

Според турските медиуми, Arçelik смета дека LG ја користи нивната технологија за машините за перење под името Direct Drive во нивните машини под името 6 motion. Тие наводно го предупредиле LG дека ги крши правата и се труди спорот да го реши на мирен начин, со оглед на нивната постојана соработка. Но, бидејќи LG не одговорил на нивното барање, тие решиле спорот да се реши по судски пат.

Технологијата, што е патентирана во 1997 година, не дозволува да се оштетува облеката додека е во машината.

Инаку, Arçelik е основана во 1955 година, како подружница на Koç Holding, која работи во 150 земји во светот, вработува над 1.500 лица во 20 центри за истражување и развој, а има над 30.000 вработени ширум светот.

Фото: Facebook