Турски холдинг отвора Duty free продавници во БиХ

30

Koç Holding, најголемиот концерн во Турција и единствена турска компанија што се наоѓа на листата на Fortune Global 500, планира да инвестира во duty free продавници низ Босна и Херцеговина во коишто би биле вработени околу 1.000 лица.

Претставници на властите во БиХ ги претставиле можностите за инвестирање и зајакнување на економската соработка и извозот, но и за странски директни инвестиции во земјата.

Koç Holding е голем индустриски, трговски и финансиски концерн којшто опфаќа повеќе од 100 компании од подрачјето на енергетиката, автомобилската и прехранбена индустрија, електроника, информатика, финансиски услуги и туризам.

Фото: Pixabay