Турски инженер дизајнира автономен електричен автомобил што развива 256 километри на час

47

speed

Фото: Pexels

Турски инженер дизајнираше автономен електричен автомобил што го надмина рекордот за брзина во САД. Камран Туркоглу го креираше алгоритамот за автономен автомобил што работи 100% на електрична енергија и може да достигне брзина од 256 километри на час.

“Сакам да создадам позитивен придонес за унапредување на автономната технологија и би сакал да бидам меѓу луѓето кои ги обликуваат автономните автомобили во светот“, вели Туркоглу. Неговиот долгорочен план е да основа старт – ап на вештачката интелигенција, пишува Хуријет.

Тој живее во САД 10 години, а дипломирал на одделенијата за вселенски и авионски инженеринг на Техничкиот универзитет во Истанбул.

Туркоглу работи на проектот NIO EP9 со компанијата NextEV од Сан Хозе Силиконска долина од 2016 година и го води тимот што го разви алгоритмот за најбрзиот автономен автомобил.

“NextEV е основан во САД од страна на кинески инвеститори во 2015 година и е со седиште во Сан Франциско. Компанијата потоа го усвои името NIO и почна да развива електрични и автономни возила, а исто така отвори канцеларија во Силиконската долина и ги вработува своите први вработени. Јас сум 18 -от вработен. Денес, NIO има канцеларии во шест региони: Сан Франциско, Сан Хозе, Минхен, Лондон, Шангај и Пекинг“, вели Туркоглу.