Турски Koç Holding, сопственикот на брендот Beko, гради фабрика на Тајланд

81

beko

Водечкиот турски конгломерат Koç Holding започна изградба на фабрика за фрижидери во Тајланд, која планира да ја отвори до крајот на оваа година.

Arçelik, дел од Koç Holding, претходно најави дека планира да се шири на пазарите на Далечниот Исток. Компанијата во следните три години ќе инвестира околу 100 милиони долари во фабриката. Очекувањата се во тој период да генерира приход од 500 милиони долари и да произведе повеќе од 800.000 фрижидери, кои ќе се продаваат во Тајланд, Филипини, Виетнам, Малезија, Сингапур и Австралија.

“Новата фабрика во Тајланд има голем потенцијал да стане производствен центар во регионот за брендот Beko на групата. Со нашиoт иновативен бренд Beko имаме постигнато многу добри резултати во целиот свет и имаме голем удел во водечките пазари во Европа, вклучувајќи ги пазарите на Германија, Франција и Велика Британија”, изјави претседателот на Koç Holding, Мустафа В. Коч, пишува Хуријет.

Arçelik во моментов има производствени капацитети во Турција, Романија, Русија, Кина и Јужна Африка и е една од најголемите компании за апарати за домаќинство во светот. Фабриката на Тајланд ќе биде седма фабрика надвор од Турција, од вкупно 15.

Koç Holding е единствената турска група која се наоѓа на листата Fortune 500.