Турскиот аеродромски оператор ТАВ изјави дека и официјално ја презема изградбата и дизајнот на терминалот на меѓународниот аеродром Крал Калед во Ријад, Саудиска Арабија.
Турски ТАВ и локалната Ал-Aраб добија официјално одобрување за дизајн и изградба на новиот Терминал 5 за околу 400 милиони долари.
“Ова е важен бизнис, затоа што во Саудиска Арабија е во тек приватизација на аеродроми и овој аеродром е меѓу планираните што треба да се приватизира”, рече извршниот директор на ТАВ група, Сани Шенер, пренесува Хуријет.
Се очекува изградбата да заврши за 18 месеци.
Ова е трет проект на ТАВ во Саудиска Арабија како изведувач. ТАВ веќе ги доби тендерите за проширување на аеродромот Принц Мохамед бин Абдулазиз во Медина и за изградба на хангар за одржување на авиони на аеродромот Крал Абдул Азиз во Џеда.