Турскиот аеродромски оператор ТАВ, заедно со мнозинскиот акционер Aéroports de Paris (ADP), планира да аплицира за правата да работи со аеродромот Ла Гвардија во Њујорк, изјави главниот извршен директор на ТАВ Сани Сенер, пренесува Заман.
“Заедно со АДП ќе конкурираме за правата за управување со Ла Гвардија аеродромот”, изјави Сенер за време на посетата на француска бизнис делегација во Истанбул.
Освен со двата аеродроми во Македонија, ТАВ во моментов стопанисува со Ататурк аеродромот во Истанбул, Есенбога во Анкара, Аднан Мендерес во Измир, Газипаша во Анталија и со по два аеродроми во Грузија и Тунис.