Турски ТАВ сè уште е заинтересиран да инвестира во црногорските аеродроми

16

Министерот за транспорт и поморство на Црна Гора, Филип Радуловиќ, оствари средба со амбасадорот на Република Турција, Бариша Калкаван.
Соговорниците се согласија дека Црна Гора и Турција досега имале добра соработка и сметаат дека таа ќе продолжи и во наредниот период, се вели во соопштението на Министерството за транспорт и поморство.

– Подготвени сме за понатамошна соработка и сигурен сум дека можеме дополнително да ги подобриме нашите постоечки односи. Има дополнителен простор за соработка во повеќе области – рече Радуловиќ.

Амбасадорот Калкаван рече дека турската компанија ТАВ сè уште е заинтересирана да инвестира во црногорските аеродроми.

– Компаниите од Турција се подготвени да инвестираат во железничката инфраструктура, но и во поморскиот сектор. Исто така, подготвени сме за соработка во клучните меѓународни организации – рече Калкаван.

За подобро поврзување во Црна Гора, формирана е Турската стопанска комора Туркчам, која обединува големи компании од Црна Гора и Турција, се заклучува во соопштението, пренесува Банкар.ме.