Турски тек ќе му донесе на Gazprom 500 милиони долари годишно

30

Гасоводот Турски тек ќе му донесе на Gazprom приходи од околу 500 милиони долари годишно, изјави заменик шефот на рускиот Национален фонд за енергетска безбедност, Алексеј Гривач.

“Ако се потпреме на бројките за проектираниот капацитет за новиот цевковод коишто ги претстави заменик претседателот на управниот одбор на Gazprom, Фамил Садигов, Турски тек ќе претставува една третина од вкупната добивка на Gazprom“, рече Гривач.

Турски тек се состои од два паралелни крака, секој со капацитет од по 15,75 милијарди кубни метри гас годишно. Едниот крак е наменет за снабдување на Турција со руски гас, а другиот преку турската граница низ Бугарија преку Србија и Унгарија, ќе ги снабдува со гас земјите од јужна и југоисточна Европа.

Фото: Pexels